На полноќ истекува рокот за пријавување на државен јавен обвинтел

На 12 јануари годинава Собранието го распиша огласот за избор на нов државен јавен обвинител со рок за пријавување од 15 дена од денот на објавувањето во „Службен весник“

На собранискиот оглас за јавен обвинител на Република Северна Македонија, до сега се приајвиле в.д. државната јавна обвинителка Анита Тополова Исајловска, обвинителката Ленче Ристовска, судијата од Кривичниот суд Ненад Савевски, поранешниот претседател на Кривичниот Суд Владимир Панчeвски и обинителката од скопското Обвинителство, Лидија Раичевиќ. Рокот за пријавување на кандидатите истекува на полноќ.

Сите пет кандидати, судијата од Кривичниот суд Савевски, обвинителката Раичевиќ, обвинителката Ристовска, в.д. државаната обвинителка Тополова Исајловска, за медиумите ги потврдија своите кандидатур. Кандидатурата ја потврди и поранешниот претседател на Основниот суд Скопје, Владимир Панчевски. Во пријавата на Панчевски поднесена на 21 јануари до Собранието се наведува дека тој ги исполнува сите законски услови за извршување на функцијата државен јавен обвинител.

На местото на Љупчо Коцевски, кој поднесе неотповиклива оставка во декември лани, дојде обвинителката Тополова Исајловска како в.д. државен јавен обвинител која беше единствен кандидат, но не може да биде на позицијата подолго од шест месеци.

Од Собранието потврдија дека до архивата се поднесени четири пријави за оваа позиција.

На 12 јануари годинава Собранието го распиша огласот за избор на нов државен јавен обвинител со рок за пријавување од 15 дена од денот на објавувањето во „Службен весник“. Кандидатите мора да имаат непрекинат работен стаж од најмалку 10 години како јавни обвинители или судии од областа на кривичното право.

Според Законот за Јавното обвинителство, добиените кандидатури се препраќаат до Владата. По пријавувањето, Владата бара мислење од Советот на јавните обвинители за сите кандидати. Советот е должен да достави образложени мислења во рок од 15 дена. Доколку Советот не даде позитивно мислење за ниеден од пријавените кандидати, Владата не може да утврди предлог и му предлага на Собранието распишување нов оглас. Со 61 глас од пратениците ќе треба да биде избран новиот државен јавен обвинител.

Зачлени се на нашиот е-билтен