Цените на нафтата денеска паднаа поради влијанието на комбинацијаџта од геополитички и трговски фактори, како и ризици поврзани со понудата.
Така, цената на нафтата Брент беше околу 66 долари за барел, а цената на американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) околу 61 долар за барел, објави Trading Economics.
Тензиите на Блискиот Исток остануваат во фокусот по распоредувањето на ударна група на американски носач на авиони, што предизвикува загриженост за потенцијална ескалација со Иран што би можела да ги загрози енергетските текови од регионот.
Трговските односи, исто така, остануваат причина за загриженост, откако американскиот претседател Трамп ѝ се закани на Канада со 100-процентни царини доколку го финализира договорот со Кина, иако канадскиот премиер Карни го негираше тоа, истакнувајќи дека неодамнешниот договор ги намалува царините само во неколку сектори.
Компензирајќи дел од добивките, се очекува извозот на нафта од Казахстан да се врати во нормала по обновувањето на крајбрежното пристаниште.