СДСМ: Каде е др Жан?

СДСМ

Додека ВМРО продолжува со лажната кампања и линч против претседателот на СДСМ, Венко Филипче, никаде го нема др Жан. Излезе на Алфа ТВ, изнесе лаги за претседателот Филипче и го снема.

Каде е др Жан, прашуваат од СДСМ и дали Обвинителството го повика за да ги поднесе доказите за неговите тврдења дека врз него бил вршен притисок да ја продаде неговата клиника.

Кампањата со недели трае во медиумите под контрола на ВМРО/Орбан, велат од СДСМ, а нема никаква реакција од Обвинителството.

СДСМ прашуваат кога Жан ќе оди и ќе даде изјава? Прашуваме веќе неколку недели. Никако да добиеме одговор.

Зачлени се на нашиот е-билтен