Без конкурси за избор на најкомпетентни кадри во управните, надзорните одбори во претпријатијата и установите и без почитување на законските процедури, советниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата си изгласаа 117 В.Д. (коалициско-партиски) одборници.
Советниците биле повикани да гласаат единствено за имињата, бидејќи не им биле доставени
биографии кои би им помогнале да ја проценат професионалната подготовка на кандидатите. И
покрај тоа, членови на Советот од ВМРО-ДПМНЕ и партиите од нивната коалиција успешно си ги
изгласале предлозите.
Советниците од опозицијата во Советот на Град Скопје реагираат дека и покрај сите аргументи и укажувања дека ова што го прават е невидено и незаконски, но мнозинството на ДПМНЕ и коалицијата си ја спроведе оваа своја намера.
„Од она што го провериме за овие 117 одборници е дека се партиски активисти, нивни партнери, фамилии, соработници…“, посочува во реакцијата Дарја Мустафоглу од Левица.
„Денес гласаме за 117 членови на управните и надзорните одбори, а немаме информации за
нив, освен самите имиња. Не бараме матични броеви или некои други детали, туку сакаме да
знаеме какво образование имаат и какви вештини можат да донесат во работењето на
претпријатијата и установите. Бараме да видиме дали се стручни и да добиеме нивните
биографии,“ изјави координаторката на советничката група на СДСМ, Катерина Цаневска
Арсовска.
Таа потсети дека Орце Ѓорѓиевски во предизборната кампања ветувал поголема
транспарентност, но актуелната ситуација е сосема спротивна на тоа.