„Стоп за Усје“: Владата прави ПР за Усје наместо да не заштити

„Стоп за Усје“'
Фото: Рацин.мк

Власта го признава проблемот, а не нудат никакво решение, ниту рок кога ќе го решат. Не само што не нѐ заштитуваат туку се и во функција на ПР на Усје. Нив ги штитат наместо нас.

Ова е пораката на активистите од „Стоп за Усје“ коишто денеска излегоа на протестен марш кој започна пред Владата, а потоа продолжи преку Собранието до Министерството за животна среднина и просторно планирање.

„Секој од нас што денеска излезе од дома и ни се продружи овде, веќе направи разлика. Самото наше присуство е порака дека народот е свесен и спремен. Сведоци сме како владата не прави ништо со загадувањето. Дури ни во екстремно загадените денови не се преземаат никакви мерки за наша заштита. Го признаваат проблемот, а не нудат никакво решение, ниту рок кога ќе го решат. Не само што не нѐ заштитуваат туку се и во функција на ПР на Усје. Нив ги штитат наместо нас“, порачаа од „Стоп за Усје“.

На маршот на кои се собраа повеќе од 1000 граѓани, се повикуваше „Скопје разбуди се, дојди и приклучи е“ и можеше да се прочитаат паролите „На хартија бело, во дробови црно“, „Ваши тајни деловни за наши бели дробови“, „Профит за Усје, болест за народот“, „Сакаме иднина во која се дише слободно“ и други.  

Зачлени се на нашиот е-билтен