Египет го забрани „Роблокс“ со цел да ги заштити малолетниците

Властите предупредуваат на ризици од неконтролирана комуникација со непознати лица

Египет донесе одлука за целосно блокирање на популарната гејминг платформа „Роблокс“, приклучувајќи се кон земјите што воведоа ограничувања за пристап до оваа услуга. Врховниот совет за медиуми соопшти дека мерката е преземена поради загриженост за онлајн-безбедноста на малолетниците.

Според властите во Каиро, клучниот проблем е можноста за директна комуникација меѓу деца и непознати возрасни лица во рамки на платформата. Ова, велат тие, создава ризик од вознемирување, злоупотреба и манипулација.

Сенаторот Валија Хермас Радван, кој ја отвори темата во парламентот, изјави дека забраната е неопходна за заштита на младите и за зачувување на образовните и етичките вредности.

Надлежните институции проценуваат дека психолошките и бихејвиористичките ризици се значителни, особено затоа што платформата ја користат и деца на многу мала возраст, кои потешко ги препознаваат опасностите во дигиталната средина.

Зачлени се на нашиот е-билтен