Игор Џамбазов на свој начин не потсетува на роденденот на неговиот татко Александар Џамбазов
Во објава на Инстаграм тој ја испеа и отсвири „Срамежливи“, композиција на Александар Џамбазов исполнета на првиот Скопски фестивал на забаввни мелодии во 1968 година.
„Денес е 3 февруари, денес татко ми Џамбаз, маестро Александар Џамбазовски, ќе наполнеше 90 години. Ќе ми биде чест и големо задоволство да во отсвирам песна од првиот скопски фестивал. Се вика „Срамежливи“. Ја пееја Љупка Димитровска и Зафир Хаџиманов во дует и е една од првите македонски поп песни, тогаш ги викавме забавни песни, напишана во 7/8 ритам“, напиша Игор.
Александар Џамбазов беше композитор, диригент и културен работник кој значаен дел од кариерата го врза со Македонската радио-телевизија, каде што, меѓу другото, беше диригент на Танцовиот и ревискиот оркестар.
Роден на 3 февруари 1936 година во Стапар, дипломирал на Музичката академија во Белград, а во јавноста остана препознатлив и по огромниот опус во детската музика. Посебно место во таа приказна има фестивалот „Златно славејче“, каде што Џамбазов беше иницијатор и долгогодишен диригент – проект што стана дел од музичкото детство на многу генерации. Во неговата биографија се наведуваат и сценска и филмска музика, како и дела од класичниот репертоар, меѓу кои „Рапсодија за Скопје“ и „Седум танцови варијации“.