Францускиот институт во Скопје орагнизира предавање на тема: Историјата на Ромите на Балканот од Средниот век до Првата светска војна, кое ќе се одржи в четвтрток, 5 февруари 2026 , во 19 ч. во Europe House.
Предавач е г. Бернар Лори, реномиран француски историчар, професор и познавач на историјата на Балканот, a предавањето ќе го модерира м-р Даниел Петровски, Институт за фолклор „Марко Цепенков“.
Низ темелен пристап заснован на историски извори, професорот ќе ги посочи динамиките на прилагодување, интеракција и коегзистенција помеѓу ромското и локалното население, разбивајќи одредени предрасуди поврзани со нивната маргиналност.
Лори е автор на делото „Ромите на Балканот, 1280–1914″, кое проследува неколку века социјална, економска и политичка историја на ромското население во регионот.
Ова предавање ќе го изложи размислувањето за современите предизвици поврзани со сеќавањето, идентитетот и местото на малцинствата во денешните европски општества.
Настанот e со симултан превод и е отворен за широка публика, вклучувајќи истражувачи, студенти, наставници, културни работници, како и сите заинтересирани за историјата на Балканот, културната разновидност и општествените динамики во Југоисточна Европа.
Влезот е бесплатен со претходна резервација на линкот : https://forms.gle/kojN2Xwd3moa5aW5A