Јокиќ стигна на второто место по трипл-дабл во историјата на НБА

Никола Јокиќ, синоќа постигна нов трипл-дабл во победата на Денвер против екипата на Чикаго со резултат 136:120.

Јокиќ мечот го заврши со 22 поена, 14 скока и 17 асистенции за 33 минути поминати на теренот.

Овој трипл-дабл беше 182-ри во НБА кариерата на 30-годишниот српски кошаркар.

Со тоа, тој се искачи на второто место во историјата на лигата по постигнати тројни ефекти, надминувајќи го легендарниот Оскар Робертсон.

Прв на списокот е кошаркарот на Сакраменто кингс, Расел Вестбрук со 207 трипл-дабл.

Зачлени се на нашиот е-билтен