Без ниту една официјална најава на кабинетот, ниту пак на неговите профили на социјалните мрежи, Српскиот претседател Александар Вучиќ денес пристигна во ненајавена посета на „Саемот на родниот крај“ (Сајам завичаја) на новосадскиот саем.
Немаше најава ниту во програмата на веб-страницата на настанот, а сепак Александар Вучиќ се качи на сцената на Саемот „Татковина“ околу 10 часот утрово.
Тој одржа петминутен говор пред публиката, по што го напушти настанот.
Ова е прва, иако скришна, посета на претседателот на Србија после 15 месеци по трагедијата во овој град кога од пад на настрешницата на железничката станица загинаа 16 луѓе.
Дури после тоа објави на социјалните мрежи објави дека застанал во ред пред киоск за да си купи сендвич; а на Петроварадинската тврдина со Маја, Адриан, Жарко и Милош, со чаша локално пино гри, ја разјаснувале светската политика и ковале планови за забрзан развој на Нови Сад и Србија.
Редакциите од Нови Сад не беа информирани и поканети да го придружат доаѓањето на претседателот на саемот.
„Утринската посета на Александар Вучиќ на Нови Сад е смешна и не e достојна за коментар. Државните службеници не застануваат ни 10 минути на брза храна, за да се фотографираат“, смета Радивоје Јововиќ, член на покраинскиот парламент.
Соговорниците на „Данас“ забележуваат дека Вучиќ никогаш не нашол време, внимание, обѕир и елементарна човечност да го посети местото на трагедијата во Нови Сад.