Вилијам и Кејт се „длабоко вознемирени“ од откритијата во случајот Епштајн

Епштајн
Mike W. from Vancouver, Canada, CC BY-SA 2.0 , via Wikimedia Commons

Британскиот принц Вилијам и неговата сопруга Кетрин се „длабоко вознемирени“ од најновите откритија кои повторно го поврзаа чичкото на Вилијам, Ендру Маунтбатен-Виндзор, со покојниот американски сексуален престапник Џефри Епштајн, соопшти Кенсингтонската палата.

„Можам да потврдам дека принцот и принцезата од Велс се длабоко вознемирени од тековните откритија“, се вели во соопштението на палатата, цитирано од АФП.

Во соопштението – првиот јавен коментар од наследникот на престолот и неговата сопруга за скандалот откако беа објавени нови материјали во случајот Епштајн пред повеќе од една недела – се додава дека „нивните мисли остануваат со жртвите“ на Епштајн, кој почина во затвор во 2019 година додека чекаше судење по обвинението за трговија со луѓе заради сексуална експлоатација.

Новообјавени документи од американското Министерство за правда поврзани со случајот „Епштајн“ повторно го отворија прашањето за врските на поранешниот британски принц Ендру со кругот околу Џефри Епштајн и Гислејн Максвел. Во една од преписките се појавува е-пошта од август 2001 година, испратена од адреса зачувана како „The Invisible Man“, потпишана со иницијал „A“, во која Максвел е прашана дали пронашла „нови несоодветни пријатели“.

Зачлени се на нашиот е-билтен