Светски ден на пицата: Јадењето што никогаш не излегува од мода

Неапол, лулката на пицата, и понатаму е аџилак за љубителите на ова јадење. Таму се наоѓаат легендарни пицерии како „Antica Pizzeria Port’Alba“, „Da Michele“, „Сорбило“ и „Бранди“, каде што е создадена прочуената пица Маргарита.

Пицата е меѓу ретките јадења што подеднакво ги поврзува улиците на Неапол, врвната гастрономија и домашната кујна. Од скромен оброк на југот на Италија, таа прерасна во глобален симбол на уживање, креативност и занаетчиска умешност. Токму затоа, на Светскиот ден на пицата, се слави не само вкусот, туку и идејата дека добрата храна е универзален јазик.

Иако често се доживува како брза храна, пицата одамна го има заслужено своето место и во светот на врвните готвачи. За најпознатите светски кулинарски шефови, Масимо Ботура пицата претставува рамнотежата меѓу традицијата и личниот печат, за Гордон Ремзи пицата е едно совршено подготвеното тесто, додека Џејми Оливер ја гледа пицата како јадење што ги зближува луѓето и ја поттикнува слободата во готвењето. Посебно место во современата приказна за пицата има Франко Пепе, еден од најпочитуваните пицамајстори денес, чија филозофија ја враќа пицата кон нејзините корени, почит кон состојките, времето и локалната заедница.

Неапол, лулката на пицата, и понатаму е аџилак за љубителите на ова јадење. Таму се наоѓаат легендарни пицерии како „Antica Pizzeria Port’Alba“, „Da Michele“, „Сорбило“ и „Бранди“, каде што е создадена прочуената пица Маргарита. Овие места сведочат дека вистинската пица не е прашање на сложеност, туку на совршена изведба.

Пицата е посебна затоа што се дели, се јаде без формалности и секогаш носи чувство на удобност и радост. Без разлика дали ќе ја нарачате или ќе ја подготвите дома, Маргаритата останува симбол на едноставност и рамнотежа – тесто со добра ферментација, зрели домати, моцарела, свеж босилек и маслиново масло. Кога овие состојки ќе се спојат на висока температура, се создава безвременски вкус што со децении го освојува светот.

Зачлени се на нашиот е-билтен