Важи ли Кодексот за етичко однесување на пратениците со кој се уредуваат основните етички начела, правила и стандарди на оденесувње на народните избраници во Собранието, и за пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска?
Откако на нејзиниот фб профил никна видео со децата на претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов се отвори прашањето што ќе преземе собранискиот спикер Африм Гаши во врско со непочитувањето со овој собраниски акт од страна на Стојановска.
Со Кодексот се уредува однесувањето на пратениците и во Собранието и во јавноста. Во него се посочува дека пратениците со своето однесување освен што треба да го зачувуват и афирмираат достоинството и угледот на Собранието, треба да се залагаат и за зголемување на довербата на граѓаните и јавноста во основните вредности и на функцијата пратеник и на Собранието, како претставнички орган на граѓаните на Македонија.
Во таа насока во членот 3 од Кодексот пишува:
„Пратеникот во вршењето на својата функција се придржува на основните
етички начела, стандардите и правилата на професионално однесување, како што се:
објективност, јавност и одговорност, заемно почитување, почитување на угледот на
Собранието, како и почитување на интегритетот на други лица.
Во оваа насока во јавноста се отвора сериозни прашања за границата помеѓу политичката критика и нарушувањето на приватноста, особено кога во јавниот простор се инволвираат малолетни деца, во случајот на претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов и тоа во време кога најжестсоко се залагла за зголемување на минималната плата.

Без разлика на тоа дали постојат дилеми околу користењето на службено возило, вклучувањето на малолетни деца во политичка пресметка претставува опасен преседан. Децата не смеат да бидат средство за политички притисок, порака или дисквалификација. Во демократско општество, одговорноста на избраните функционери е повисока токму затоа што нивните постапки креираат стандарди на јавно однесување.
Наместо да се задржи на институционален пат – доколку смета дека има злоупотреба, да поднесе пријава и да дозволи надлежните органи да постапуваат – партијата избра медиумска офанзива со квалификации како „лицемер“, „жртва“ и „расипништво“. Со тоа, фокусот се префрли од суштината: дали работниците заслужуваат повисока минимална плата и какви се економските аргументи „за“ и „против“.
Дополнително, тврдењето дека видеото било „веќе јавно достапно“ не ја намалува одговорноста на јавен функционер при негово понатамошно споделување. Напротив, од пратениците се очекува повисок степен на внимателност, особено кога станува збор за малолетници.
ССМ: ВМРО-ДПМНЕ ја помина црвената линија
По објавувувањето на снимката на која се гледа претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, заедно со неговите деца, од страна на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска, од Сојузот на синдикатите на Македонија, велат дека владејачката партија ја помина црвената линија.
Од таму потенцираат дека наместо аргументирана дебата за минималната плата и работничките права, ВМРО-ДПМНЕ избрала „политички напад преку семејството“.
„Ова не е политичка борба, ова е директен притисок и обид за дискредитација преку злоупотреба на малолетни лица. Децата не смеат да бидат алатка во политичките пресметки“, изјавуваат од ССМ.
Трендафилов побара од Министерството за внатрешни работи и од Јавното обвинителство да поведат постапка, а од Собранието, да се разгледа можноста за одземање на имунитетот на пратеничката Стојаноска.
„Бараме институциите да утврдат како е направена и објавена оваа снимка и кој дозволил малолетни деца да бидат вовлечени во политичка кампања“, порача Трендафилов на прес-конференција.
Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, возвратија дека станува збор за „обид да се дефокусира јавноста од прашањето за злоупотреба на службено возило“ и оценија дека реакцијата на Трендафилов е „очајнички крик поради неуспешните протести“.
„Спорната снимка е преземена од социјални мрежи и е веќе јавно достапна. Доколку смета дека му е нарушена приватноста, нека се обрати до институциите“, соопштија од партијата.
Од ССМ возвраќаат дека ваквиот став е „циничен и неодговорен“.
„Јавно достапно не значи и дозволено за политичка злоупотреба, особено кога станува збор за деца. Наместо да се расправа за тоа дали работниците заслужуваат повисоки плати, сведоци сме на лични напади“, велат од синдикатот.
Дел од правни експерти, за медиумите, коментираат дека „секое јавно споделување на содржина во која се појавуваат малолетници отвора прашање за заштита на нивните права, без разлика од каде е преземена снимката“.
Од МВР информира дека презема мерки за расчистување на случајот.