Колку вреди еден олимписки златен медал?

Повеќе од еден век олимписките златни медали не се прават од чисто злато

Според Меѓународниот олимписки комитет, последниот цврст, 24-каратен златен медал е доделен на Игрите во Стокхолм во 1912 година,

Оттогаш, златните медали се претежно изработени од сребро, со тенок слој злато на површината, само шест грама. Сепак, во време кога цените на златото и другите метали нагло се зголемија, тие шест грама прават голема разлика.

На 6 февруари, златото се тргуваше по 4.889 долари за унца, што е за 70 проценти повеќе од пред една година. Тоа е речиси двојно повеќе отколку за време на Олимписките игри во Париз во 2024 година.

Цената на среброто беше 77 долари за унца, дури 138 проценти повеќе отколку пред една година и речиси три пати повеќе отколку за време на Олимписките игри во Париз.

Вредноста на скапоцените метали се зголеми во текот на изминатата година. Цената на среброто скокна за 60 проценти само во јануари 2026 година, бидејќи инвеститорите бараат безбедни засолништа за капитал поради зголемените геополитички тензии и стравот од инфлација.

Доколку би се гледал само нивниот состав, златната олимписка медаља чини 2.008 евра, сребрената 1.140 евра и бронзената медаља само 5 евра.

Олимписките спортисти, не се натпреваруваат за да препродаваат медали бидејќи за повеќето од нив, најголемата вредност лежи во престижот и симболиката што ја носат медалите.

Сепак, движењата на пазарот на скапоцени метали пред овогодинешните Игри во Италија привлекоа ново внимание кон реалната, материјална вредност на спортските достигнувања.

Дури и со неодамнешната нестабилност, (кога цените на двата метала, минатата недела, паднаа поради шпекулациите дека претходно биле преценети), олимписките златни и сребрени медали денес вредат двојно повеќе од нивната вредност за време на Олимписките игри во Париз во 2024 година.

Зачлени се на нашиот е-билтен