Миленко Неделковски, директорот на ФК Вардар, реагира со потсмевање на систамот „Безбеден град“.
Еве што напиша на социјалнте мрежи:
Да не ги појавувам СМС пораките од МВР и 4-те различни регистрации на возила КОИ НЕ СЕ МОИ, јас од 14.00 до 16.00 дома гледав фудбал Шкендија – Струга, а добивам пораки дека во тоа време сум возел со брзина малку над дозволената. Аута кои не ги поседувам!!!
Па, бидејки сите читаат овдека, вклучително и припадници на МВР, дајте организирајте се.
Оти ова личи на вицот со групниот секс, оној кога упалил светло…
Ова е уште реакција која укажува на тоа дека системот „Безбеден град“ започна да се применува без да се проверат и отстранат слабостите.