Кинотеката со авторски филм на Џим Џармуш и двојна проекција на „Приказна за Сиљан“

кинотека

Кинотеката продолжува со својата редовна филмска програма, нудејќи им на љубителите на седмата уметност нови проекции во текот на претстојниот викенд.

Во сабота, на 14 февруари со почеток во 20:00 часот, ќе биде прикажан филмот „Татко, мајка, сестра, брат“, во режија на Џим Џармуш — дело што го носи препознатливиот авторски пристап и естетика на режисерот.

Во недела, на 15 јфевруари, на програмата е филмот „Приказна за Сиљан“, со две проекции — во 18:00 и во 20:00 часот, овозможувајќи им на посетителите поголема флексибилност за присуство.

Кинотеката ги поканува сите заинтересирани да ја проследат програмата и да уживаат во филмското искуство на големото платно.

Зачлени се на нашиот е-билтен