Артан Груби доби куќен притвор по барање на одбраната

Груби

Артан Груби доби куќен притвор, откако одбраната побарала поблага мерка, а обвинителството, според објавените неофицијални информации, дало согласност на предлогот, при што како аргументи се наведуваат неговото враќање во државата, достапноста за органите на прогонот и тврдењето дека нема опасност да влијае врз постапката бидејќи истрагата е завршена.

Според информациите, мерката ја определил судија на претходна постапка по сослушување во судот, а во моментот на објавување не било официјално потврдено дали обвинителот формално доставил нов предлог за куќен притвор на самото рочиште. Од прес-службата на обвинителството информирале оти немаат детали додека обвинителот е во судница.

Итрагата ја води Основното јавно обвинителство – Скопје и се однесува на сомнежи дека, како раководител на владина седница, било одобрено барање на Државна лотарија за јавна набавка на ВЛТ-терминали, иако, според наводите во постапката, институцијата немала законско право самостојно да организира игри на среќа. Се наведува дека Груби е осомничен за кривично дело „проневера во службата“.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека утрово во 06:10 часот, поранешниот прв вицепремиер Артан Груби се појавил на граничниот премин Блаце и веднаш бил лишен од слобода и приведен за понатамошно постапување.

Малку подоцна се прошири и видео од кое се гледа дека Груби со насмевка ги прифати лисиците и соработуваше во постапката за негово проведување.

Зачлени се на нашиот е-билтен