Меланија Трамп ќе претседава со Советот за безбедност на ОН

DoD News, CC BY 2.0 , via Wikimedia Commons
DoD News, CC BY 2.0 , via Wikimedia Commons

Меланија Трамп ќе претседава со седница на Советот за безбедност на Обединетите нации, откако Соединетите Американски Држави ќе го преземат ротирачкото претседателство со ова тело во рамки на редовниот месечен циклус. Седницата ќе се одржи во седиштето на ОН во Њујорк, а фокусот на дискусијата ќе биде ставен на прашања поврзани со безбедноста, улогата на образованието и заштитата на ранливите категории во конфликтни подрачја.

Според најавите, станува збор за настан што привлекува внимание поради фактот што со седницата ќе раководи првата дама на САД, што претставува невообичаена практика во работата на Советот за безбедност. Претседавањето е можност земјата што го има месечното претседателство да ги постави темите за дебата и да го координира текот на расправата меѓу петнаесетте земји членки.

Советот за безбедност на ОН е клучно тело во системот на Обединетите нации задолжено за одржување на меѓународниот мир и безбедност, а неговите одлуки имаат обврзувачки карактер за земјите членки.

Зачлени се на нашиот е-билтен