САД демантираат: „Абрахам Линколн“ не е погоден, иранските ракети не нбе ниту блиску

Линколн

„Иранската револуционерна гарда тврди дека го погодила американскиот брод „Абрахам Линколн“ со балистички ракети. Лага“, се вели во соопштението на ЦЕНТКОМ.

Американската војска вели дека носачот на авиони не претрпел никаков удар. „Линколн не бил погоден. Лансираните ракети дури ни блиску не се приближиле“, се додава во објавата.

И покрај тврдењата на Иран, американскиот брод „Абрахам Линколн“ ги продолжува своите редовни активности во регионот. „Линколн продолжува да лансира авиони во поддршка на неуморната кампања на ЦЕНТКОМ за одбрана на американскиот народ преку елиминирање на заканите од иранскиот режим“, се заклучува во соопштението.

Денеска претходно иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) излезе со тврдење дека го нападнала американскиот носач на авиони „УСС Абрахам Линколн“ со четири балистички ракети, а така објавија и иранските државни медиуми. 

Зачлени се на нашиот е-билтен