Израел: Ги елиминиравме сите терористички лидери кои се закануваа дека ќе нè уништат

Израел

Израелските одбранбени сили, во ескалација на конфликтот меѓу Израел и САД со Иран, објавија дека ги „елиминирале лидерите на иранската терористичка оска која се закануваше дека ќе нè уништат“.

„Елиминиравме сите лидери на иранската терористичка оска која ни се закануваше со уништување“, рекоа тие.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, беше убиен во неговиот комплекс во главниот град Техеран, објавија иранските државни медиуми. Државната новинска агенција Фарс објави дека Хамнеи е убиен рано вчера наутро „во неговата канцеларија во резиденцијата на лидерот“ додека „ги извршувал своите должности“, предизвикувајќи поделени реакции меѓу жителите. Додека некои плачеа, други славеа на улиците на Иран.

Израелските одбранбени сили (ИДФ), исто така, објавија дека во вчерашните првични напади во Иран, убиле 40 „клучни“ ирански воени команданти, вклучувајќи го и началникот на Генералштабот Абдолрахим Мусави.

Поранешниот ирански претседател, исто така, е убиен
Според војската, Мусави бил одговорен за „управување со безбедносниот апарат на Иран и го надгледувал испукувањето на стотици балистички ракети лансирани кон израелска територија, во кои загинаа израелски цивили за време на операцијата“.

Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад, кој ја водеше земјата од 2005 до 2013 година, исто така е убиен во израелските воздушни напади. Нападот ја погоди резиденцијата на Ахмадинеџад во Нарнак, североисточно од Техеран. Ахмадинеџад и неколку негови телохранители беа убиени, објави медиум близок до режимот.

Тој беше познат во текот на својата политичка кариера како радикален конзервативец и отворен застапник на антизападните политики. Неговиот претседателски мандат беше обележан со чести изјави во кои изразуваше екстремна омраза кон Израел.

Зачлени се на нашиот е-билтен