Кинеските власти денес ги повикаа сите страни во конфликтот на Блискиот Исток да ја обезбедат безбедноста на морската пловидба во Ормутскиот теснец.
„Кина ги повикува сите страни веднаш да ги прекинат своите воени операции, да избегнат понатамошно ескалирање на тензиите, да ја одржат безбедноста на морските патишта на Ормутскиот теснец и да спречат ситуацијата да има поголемо влијание врз глобалната економија“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Мао Нинг, на редовната прес-конференција.
На почетокот на 2025 година, Кина беше водечка дестинација за транзит на нафта низ теснецот, објавија светските медиуми.
Во последниве години, Кина е водечки увозник на иранска нафта.