СДСМ: Да не му фали на Максо некој тендер па плаче на телевизија?

СДСМ

Максим Димитриевски – Максо го гледаме како кука по телевизија, како да не е дел од криминалната власт, се истакнува во соопштение на СДСМ.

„Максо е платеник на ВМРО кој за свои лични и бизнис интереси со ЗНАМ сакаше да го уништи СДСМ одвнатре, но не му успеа“, нагласуваат од опозициската партија.

За СДСМ е очигледно дека сега, кога граѓаните знаат дека бил кукавичко јајце и дека ЗНАМ како партија повеќе нема никаква поддршка од граѓаните, Максим Димитриевски – Максо бара да си ги наплати своите „заслуги“ за ВМРО-ОКГ.

Дури Максо зборува и за Груби, дека е дома, во куќен притвор, а неговиот шеф Мицкоски стои позади тој дил. Што глуми Максим Димитриевски, прашуваат од СДСМ. „Или не му дале некој нов тендер па мора малку да плаче по телевизија за да го добие?“

Како оној во Пошта, укажува СДСМ, од 1,2 милиони евра што го доби фирма блиска до ЗНАМ во време кога вработените не можат навреме ниту плата да поделат.

„Максим е познат по тоа што јавно призна дека не живее од плата. Затоа не мисли он на работниците и тоа што тој и неговата влада одбиваат да им ја покачат минималната плата на 600 евра“, смета опозициската партија.

СДСМ вели дека затоа не се жали Димитриевски, „не знае што е плата и како е да се преживее од први до први во месецот, како што се мачат над 200 илјади работници. Сè е приватен бизис во тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ, никој од нив не живее од плата, само од тендери“.

Зачлени се на нашиот е-билтен