Руте: Иран е извозник на хаос, НАТО ќе го одбрани секој дел од територијата на членките на алијансата

Руте

На прашање како ја оценува воената интервенција на САД и Израел, генералниот секретар на НАТО Марко Руте истакна дека самото НАТО не е вклучена во оваа воена активност, но дека будно ги следи настаните и алијансата е подготвена да реагира, доколку е тоа потребно

„Иран има способност да користење птроектили кои имаат дострел не само во рсгионот, туку и до Европа и тоа е потенцијална опасност и за нас во Европа. Иран е извозник на хаос и тероризам. НАТО ќе го обдрбани секој  дел од територијата на земјите членки на НАТО. Имаме луѓе во командните центри кои работат секојдневно на анализите и проценките и се подготвени да одговорат на заканите“, рече генералниот секретар на НАТО Руте.

Тој рече дека многу лица се во опасност од иранскиот режим кој во претходниот период, додека на чело беше Али Хамнеи земјата имаше 10.000 смртни случаи.

За разликите меѓу САД и НАТО, Руте рече дека се кампања тврдењата дека има судир во алијансата и дека, исто така, секоја земја членка има право поединечно да заземе свој став околу ова прашање.

„Ова е кампања што ја водат САД и Израел. Поединечните сојузниците, доколку сметаат за потребно, ги ставаат своите капацитет на располагање во рамките на нивините внатрешни политички стратегии“, рече Руте.

Зачлени се на нашиот е-билтен