Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Грифитс: ОН проценува дека по уривањето на браната Каховка 700.000 Украинци имаат потреба од вода за пиење

 Главниот претставник на ОН за хуманитарна помош, Мартин Грифитс, денеска предупреди дека уривањето на браната Каховка уште повеќе ќе им го отежне животот на Украинците.

Потсекретарот Грифитс изјави дека на дури 700.000 лица им е потребна вода за пиење.

Тој, исто така, стравува дека поплавите ширум областа може да резултираат со помал извоз на жито, повисоки светски цени на храната и помалку храна за милиони луѓе на кои им е потребна.

Грифитс додаде дека Обединетите нации, кои работат главно преку украинските хуманитарни групи, стигнале до 30.000 лица во поплавените области под украинска контрола.

Но, се верува дека илјадници други се заробени од водата.

Зачлени се на нашиот е-билтен