Германија ќе ги евакуаира своите граѓани преку Оман

Германија
By calflier001 – MUSCAT INTERNATIONAL AIRPORT OCT 2010, CC BY-SA 2.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=45704617

Германската влада треба да започне со евакуација на ранливите германски државјани заглавени на Блискиот Исток поради војната во Иран, а првиот лет до главниот град на Оман, Мускат, е планиран во среда, потврди министерот за надворешни работи Јохан Вадефул.

Берлин треба да им понуди пристап на децата, немоќните граѓани и бремените жени до летовите, изјави Вадефул за телевизијата Велт.

Странските државјани се масовно заглавени поради откажувањата на летовите во регионот на Заливот по нападот на САД и Израел врз Иран во саботата.

Се верува дека до 30.000 клиенти на германските туристички агенции се погодени од откажувањата и затворањето на воздушниот простор во неколку земји.

Авиокомпаниите и туристичките оператори се борат да организираат безбедно враќање на заглавените туристи, а лет на „Емирати“ од Дубаи слета во Франкфурт во вторник.

Зачлени се на нашиот е-билтен