Авионот на „Флај Дубаи“ од Дубаи, кој превезуваше граѓани на Србија, слета утрово во Белград, беше објавено на веб-страницата на аеродромот „Никола Тесла“, јавуваат српските медиуми.
Авионот на превозникот „Флај Дубаи“ слета на аеродромот во Белград во 7:40 часот наутро, а требаше да слета синоќа околу 21:25 часот.
Првиот авион на „Флај Дубаи“ кој превезуваше граѓани на Србија од Обединетите Арапски Емирати слета вчера наутро во Белград.
Конфликтот на Блискиот Исток меѓу САД и Израел, од една страна, и Иран, од друга страна, трае од саботата, поради што воздушниот сообраќај се соочува со прекини и тешкотии.