Иран ја „напаѓа“ Америка со три номинации за Оскар со два ирански филма

Иран
Џафар Панахи во Кан ја прима Златната Палма, Jennifer 8. Lee, CC BY-SA 4.0 , via Wikimedia Commons

Оваа година, на 98-мите награди Оскар, има дури три филма поврзани со иранската кинематографија со номинации за оваа престижна награда.

Станува збор за „It Was Just an Accident“ на прославениот ирански режисер Џафар Панахи, номиниран за Најдобар меѓународен филм и Најдобар оригинален сценарио. Драма, која ја истражува темата на политичките затвореници и репресијата, има силна политичка конотација.

Да се потсетиме дека „It Was Just an Accident“ беше победник на Кан минатата година, а Панахи беше пречекан со овации на црвениот тепих. Уште повеќе, тој најави дека после церемонијата за Оскар, ќе се врати во Иран за да ја отслужи затворската казна на која го осуди режимот во оваа земја.

Третата номинација е за најдобар документарен филм за Cutting Through Rocks“, документарец за првата жена советничка во мало иранско село.

Ако на ова се додадат поранешните номинации и влијание на иранското кино на меѓународната сцена, станува јасно зошто оваа тема уште сега, пред големата церемонија, добива на интензитет. Особено откако политиката и геополитичките прашања го преплавија и годинешното Берлинале.

Политичка чувствителност на црвениот тепих

Со оглед на актуелната воена конфронтација меѓу САД и Иран и политичките тензии во светот, медиумите пренесуваат дека организаторите на Оскар разгледуваат дали да го променат класичниот формат на црвениот тепих или некако да го преуредат, „за да се избегне впечаток дека се игнорираат глобалните случувања“.

Според некои извори, продуцентите се загрижени дека прашањата на новинарите на црвениот тепих може да ја фокусираат вниманието на геополитичките теми, вклучително и војната и улогата на уметноста во време на конфликт.

Можен бојкот на црвениот тепих?

Иако спорадично се навестува, засега нема широко потврдено организиран бојкот од страна на  филмските ѕвезди поради војната со Иран конкретно, но имајќи предвид историските примери, може да се појавуваат индивидуални решенија или политички изјави на настанот.

Претходно, за време на претходниот конфликт и ограничувања на патувањата, ирански уметници, како што беше случај со Асгар Фаради, зазедоа став дека нема да присуствуваат на церемонија во САД поради политички мерки на американската администрација.

Токму ова укажува дека политички тензии можат да влијаат на одлуките на уметниците дали ќе присуствуваат на големи филмски настани заради лични ставови, ставови на режисерите или соработка со други актери.

Клучни влијанија од присуството на иранските филмови

Сепак, трите номинации за ирански филнови и автори значително ја зголемуваат видливоста на кинематографијата од оваа земја и откриваат теми поврзани со човекови права, социјални промени и историски конфликти, што, според критичари, е важно да се види на глобалната сцена. Номинираните филмови доаѓаат во време на сериозни меѓународни тензи и војни што може да ја направат церемонијата повеќе политички чувствителна отколку обично, но некои гледаат на ова и како шанса да се отвори поширок разговор за човекови права или влијанието на војната врз цивили и уметноста, наместо едноставно да се гледа само како забавен настан.

Зачлени се на нашиот е-билтен