СДСМ: Крвави ви се рацете, оставка од Тошковски

СДСМ

Од синоќа во Скопје има нов случај на семејно насилство и пукање со пиштол. Уште колку жртви, што уште треба трагично да завршат за Панче Тошковски да си поднесе оставка?

Ова се прашањата што на денешната прес конференција ги упати Маја Борозан од Форумо на жени на СДСМ.

Борозан потсети на трагедијата во Карпош, во која животите ги загубија мајка и малолетно дете, за кои се утврдени пропусти на МВР.

„Две години постојано имало пријави за семејно, физичко и психичко насилство, вкупно 12 пријави.МВР на Панче Тошковски имале сознанија, имале индиции за сериозен ризик но со несоодветна и ненавремена реакција не ги заштитиле жртвите“, нагласи Борозан.

Дополнително, посочи таа, со измените на Кривичниот законик, насилството врз жените и семејното насилство се гонат по службена должност, а МВР потфрли и со случајот во Велес и не реагираше навреме.

МВР потфрли и во случајот со серискиот убиец во Старо Нагоричане, рече Борозан. „Две години ги игнорирале пријавите на жителите дека сторителот се прикрадува во дворови и демне“.

„Првично, жртвите биле третирани како „природна смрт“, не била правена обдукција, немало истрага. Проблемот почнува од врвот. Рацете ви се крвави“, нагласи Маја Борозан од Форумот на жени на СДСМ и побара оставка од Министерот Тошковски.

Зачлени се на нашиот е-билтен