Правдата ќе ја бараме на улица гласно и здружено, порачаа граѓанките и граѓаните кои во огромен број се собраа денеска во Парк жена борец на протестниот марш „Нема да снема“ во организација на граѓанската иницијатива „Кој е следен?“.
Активистите делеа цвеќе и заеднички ги подготвија паролите и другите креативни реквизити на кои беа испишани одсновните пораки „Нема да снема“ и „Ниту една повеќе“ поттикнати од последниот трагичен настан во кој животите ги загубија мајка и нејзината ќеркичка како последица на континуирано семејно насилство.
„Денеска нема што ново да побараме. Нашите барања се исти со годиниа. Гласно и јасно кажуваме дека не се помируваме додека не почнете од корен да го менувате системот и не признаете дека создадовте услови за епидемија на насилтво врз жените. Правдата ќе ја бараме на улица гласно и здружено. Нема да дозволиле да не избришете и покорите“, истакна во обраќањето една од активистките на „Кој е следн?“.
Таа нагласи дека оваа година марширааат за да покажем и докажем дека се сеќавааат и бележат. „Продолжуваме да постоиме и заедно да се бориме. Маршираме по улиците на нашите градови под еден слоган: „Нема да снема!“.
„Маршираме во име на сите жени кои оваа година не доживејаа правда. Маршираме за сите оние кои требаше да бидат спасени, а не беа. Маршираме за сите оние кои не можат да зборуваат, а гласно би викнале. Маршираме за сите што не можат или не им е дозволено да излезат на марш. Маршираме за сите жени кои секојдневнио се борат за опстанок. Маршираме зашто оваа борба е наша традиција. Маршираме против фемицид, екоцид и геноцид. Маршираме за све кој е праведен, солидарен, а иднината можна и женска“, беше порачано на почетокот во едно од обраќањата на настанот и испратија повик сите да се приклучат во оваа борба зашто женската борба е заедничка борба.