Долгата колона граѓанки и граѓани, активисти на невладинир организации и на граѓанската иницијатива „Кој е следен“ во протестниот марш „Нема да не снема“ пристигна и пред владата за да го изразат револтот од непостапувањето или задоцнетите реакци на институциите да го спречат насилството и да ги заштитат жртвите како што се жените и децата.

„Нема да има слобода, додека нема слободни жени“, „Бараме оставки“, „Убијци“, „Не ви се плашиме“, Правда за Ивана, „Правда за Катја“, „Правда за Росица“, беа само дела од паролите и извиците кои граѓаните во огромен број ги испратија како пораки пред зградатата на Владата.

Колоната тргна од Парк жена борец, пред Собранието на Македонија каде што активистите делеа цвеќе и заеднички ги подготвија паролите и другите креативни реквизити на кои беа испишани одсновните пораки „Нема да снема“ и „Ниту една повеќе“ поттикнати од последниот трагичен настан во кој животите ги загубија мајка и нејзината ќееркичка како последица на континуирано семејно насилство.
„Денеска нема што ново да побараме. Нашите барања се исти со годиниа. Гласно и јасно кажуваме дека не се помируваме додека не почнете од корен да го менувате системот и не признаете дека создадовте услови за епидемија на насилтво врз жените. Правдата ќе ја бараме на улица гласно и здружено. Нема да дозволиле да не избришете и покорите“, беше истакнато на протестот