Од протестниот марш „Нема да не снема“: Ако сите реагираме, насилството ќе стане срам

„Нема да не снема“

Да започнеме револуција за општеството кое се бори за својата иднина. Не стојте настрана. Кога ќе видите насилство, реагирајте. Ако сите почнеме и ако сите реагираме, насилството ќе стане срам.

Ова е една од пораките од денешниот протестен марш „Нема да не снема“, во организација на граѓанската иницијатива „Кој е следен?“, кој собра неколку илјади граѓанки и граѓани денеска во Скопје.

„Сега е време сите ние, прво како луѓе, а потоа и како институции, да го разбудиме ова општество од неговиот вечен сон и да се запрашаме што е тоа што го спречува следниот штрајк. Дали ќе останеме негови сведоци или ќе се бориме со сите сили за да му овозможиме да биде безгрижна единица, далеку од каков било вид насилство?“, порача активистката на протестот.

Таа заврши со повикот „Не треба да дозволиме ниту едно дете повеќе да биде оставено во немоќ и страв“.

Долгата колона граѓанки и граѓани, активисти на невладините организации и на граѓанската иницијатива „Кој е следен“ во протестниот марш „Нема да не снема“ потоа се упатија и пристигна и пред владата за да го изразат револтот од непостапувањето или задоцнетите реакци на институциите да го спречат насилството и да ги заштитат жртвите како што се жените и децата.

Зачлени се на нашиот е-билтен