Вечерва на скопскиот аеродром пристигнаа 151 патник кои долетаа со првиот организиран чартер лет што го организираше Министерството за надворешни работи.
Првата поголема група која долета од Обединетите арапски емирати ја пречека министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.
Најголем број од нив се македонски државјани, но има и државјани од соседството.
Според Министерството за надворешни работи, до средината на следната недела треба да бидат евакуирани сите македонски државјани кои изразиле подготвеност за враќање назад во земјава. Според последните податоци, амбасадата во Доха ја контактирале 150 македонски државјани, од кои 95 изразиле подготвеност за евакуација.
Во амбасадата во Абу Даби се јавиле вкупно 585 лица кои престојуваат во Обединетите Арапски Емирати, како и 36 лица од Кувајт, 15 од Бахреин и 5 од кралството Саудиска Арабија.