Фото галерија од протестниот марш „Нема да не снема“

„Нема да не снема“

Неколку илјади граѓанки и граѓани како еден гласно ги испратија силните пораки од протестниот марш што вчера го организираше граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ на кој придружија и десетици невладини организации.

Правдата ќе ја бараме на улица гласно и здружено, порачаа граѓанките и граѓаните кои во огромен број се собраа денеска во Парк жена борец на протестниот марш „Нема да снема“ во организација на граѓанската иницијатива „Кој е следен?“.

„Нема да има слобода, додека нема слободни жени“, „Бараме оставки“, „Убијци“, „Не ви се плашиме“, Правда за Ивана, „Правда за Катја“, „Правда за Росица“, беа само дела од паролите и извиците кои граѓаните во огромен број ги испратија како пораки пред зградатата на Владата.

Долгата колона граѓанки и граѓани, активисти на невладинир организации и на граѓанската иницијатива „Кој е следен“ во протестниот марш „Нема да не снема“ пристигна и пред владата за да го изразат револтот од непостапувањето или задоцнетите реакци на институциите да го спречат насилството и да ги заштитат жртвите како што се жените и децата.

Зачлени се на нашиот е-билтен