Опозицијата во Црна Гора: Во резервите има повеќе дрога отколку нафтени деривати

Гора

Претседателот на Демократската народна партија (ДНП) на Црна Гора, Милан Кнежевиќ, реагираше на изјавата на премиерот Милојко Спајиќ за резервите на нафтени деривати и рече дека во залихите има повеќе дрога отколку гориво.

Премиерот Спајиќ претходно денес изјави дека Црна Гора има резерви на нафтени деривати за околу два месеци.

„Имаме повеќе дрога во залихи отколку гориво. Се надевам дека нема да недостасуваат барем три скутери кога ќе завршат овие два месеци“, напиша Кнежевиќ на платформата X.

Во Подгорица се одржа седница на Советот за обезбедување безбедно снабдување на пазарот со нафтени деривати.

Министерството за енергетика и рударство апелира на одговорно информирање на јавноста, бидејќи непроверените или избрзаните информации можат да предизвикаат непотребна загриженост кај граѓаните и да создадат погрешен впечаток за состојбата на пазарот, објави на својот портал Радио телевизија Црна Гора.

Зачлени се на нашиот е-билтен