СДСМ: Томовски шокиран, дозна од ДКСК дека татко му не е вистинскиот татко

СДСМ

Изгледа дека овие денови ДКСК се занимавала со ДНК анализи. Дошле до невидено откритие. Томовски од ДКСК дознал дека нема врска со фирмата во која што бил неговиот татко. Затоа нема врска со фирмата. Така дознал и дека татко му не му е татко.

Ова го истакнува на почетокот во денешното соопштение СДСМ.

Од опозициската партија порачуваат дека „затоа мора да се спроведат реформи во правосудството, да има независно судство и обвинителство, затоа мораме во ЕУ, за ова да не се случува повеќе“.

СДСМ е на став дека токму затоа ВМРО-ОКГ и Мицкоски не сакаат реформи и не сакаат во ЕУ, да можат да се богатат на грбот на народот преку тендери.

Зачлени се на нашиот е-билтен