Филипче: ВМРО е таблоидна партија, fake news

Филипче

Обвинувањата од ВМРО веќе на сите им се смешни, тие обвинувања од ВМРО се викаат лажна вест, fake news, измислена афера и црна кампања, посочи претседателот на Социјалдемократкиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во интервју за неделникот Фокус, во однос на извештајотна ЦИА  и обвинувањата од ВМРО поврзани со  името на државата. 

„Тоа воопшто не е обвинување, затоа што обвинување може да дојде од некоја релевантна страна, а не од таблоидна партија како ВМРО“, рече Филипче.

Во интервјуто Филипче посочува дека тоа што го покажува документот на ЦИА, говори дека Киро Глигоров, како и СДСМ, секогаш мислеле на Македонија. 

„Секогаш сме биле чувари на државноста. Во секоја ситуација што ја покажува сериозноста и државноста на СДСМ, а ВМРО  измислува како да го обезвредни тоа. Така е и со ова“, рече Филипче. 

Тој додаде дека постои уште еден документ на ЦИА што ВМРО  не го споменуваат, а се однесува на атентатот на поранешниот претседател Глигоров.

„Верувам дека многумина имале можност да го видат. Излезе во исто време кога и овој, само што ВМРО преку медиумите го презентира селективно, како и секогаш. Во тој документ пишува кој учествувал во атентатот врз Киро Глигоров. Можете да погодувате. Па, секако, ВМРО“, рече Филипче.

Зачлени се на нашиот е-билтен