Министерството ќе организира јавна расправа за постапката за обновување на дозволата на Усје

Усје
Муамет Хоџа, Министер за животна средина и просторно планирање

Министертвото за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) официјално потврди дека ќе организира јавна расправа за постапката за обновување на А интегрираната еколошка дозвола за Титан Усје. Институцијата ја истакна важноста на граѓанскиот сектор како партнер во процесите, нагласувајќи дека отворениот дијалог е единствениот начин за градење доверба и обезбедување одржливи решенија за квалитетот на воздухот во Скопје.

Компанијата „Титан Усје“, која на 11 март 2026 година поднесе барање за реобнова на дозволата, тврди дека нејзиното работење е целосно усогласено со законските норми. Од компанијата наведуваат дека редовно ги почитуваат условите од постојната А-интегрирана дозвола издадена во 2020 година и дека спроведуваат 24-часовен независен мониторинг на емисиите.

Од компанијата истакнуваат дека инспекциските надзори досега не констатирале пречекорување на законските лимити.

Во наредниот период, јавната расправа ќе биде централен настан каде ќе се соочат аргументите на стручната јавност, активистите и претставниците на фабриката. Успехот на овој процес ќе зависи од тоа дали МЖСПП ќе успее да ги интегрира барањата на „Стоп за Усје“ во новата дозвола.

Зачлени се на нашиот е-билтен