Супорт Кочани спроведува истражување за потребите на младите во услови на кризи

Кочани

Супорт Кочани ги повикува младите од градот и општината да учествуваат во иницијативата за подобра поддршка на младите во време на кризи.

Супорт Кочани спроведува истражување за потребите на младите во услови на кризи (пожари, поплави, пандемии, екстремни временски услови и други итни ситуации).

Целта на истражувањето е да се утврди како младинските центри и младинските организации можат подобро да ги поддржат младите во вакви ситуации.

Истражувањето ќе помогне во изработка на протокол за работа на младинските центри во кризни услови, со конкретни препораки за сервиси, активности и вклучување на младите.

Супорт Кочани ги поканува младите, родителите и професионалците да го споделат своето мислење преку краток анонимен прашалник.

Пополнувањето трае околу 5–7 минути, а вашите одговори ќе придонесат за развој на подобри политики и услуги за младите.

🔗 Линк за млади – https://forms.gle/Vcfumh5m5dN2mSvy7

🔗Линк за родители – https://forms.gle/hW7KA3mxD65JZi218

🔗Линк за инститиции и организации – https://forms.gle/C5fAFTDtobcqMXEe9

Супорт Кочани им благодариме зна сите за учеството и поддршката за оваа важна иницијатива за младите во општината.

Истражувањето се спроведува рамки на проектот „Поврзани во криза: Млади што градат отпорност и заедништво“ реализиран од страна на Младите можат и Супорт Кочани, а поддржан од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

Зачлени се на нашиот е-билтен