На колку столчиња можат да седат лидерите на Влен

Влен

Ифтарската вечера во Тирана, организирана од Еди Рама, предизвика сериозна политичка криза во коалицијата ВЛЕН. Присуството на министерот Фатмир Лимани на иста маса со Али Ахмети ги заостри внатрешните односи, најавувајќи можна реконструкција на владата и прегрупирање во албанскиот политички блок во Северна Македонија.

Ифтарската вечера во Тирана, приредена од албанскиот премиер Еди Рама, стана катализатор за нови политички тензии во Северна Македонија. Централна фигура во овој настан е Фатмир Лимани, актуелен министер за социјална политика од редовите на коалицијата ВЛЕН, кој беше фотографиран на иста маса со лидерот на опозициската ДУИАли Ахмети.

Овој чин предизвика итна реакција од неговата матична коалиција, која побара јавно објаснување за неговото однесување. Спорниот момент не е само протоколарен, туку длабоко личен и политички, со оглед на претходните тешки обвинувања што Лимани ги упатуваше кон Ахмети, вклучително и за наводна инволвираност во убиството на неговиот татко.

Лидерот на Движењето БесаБилал Касами, јавно го критикуваше Лимани, нагласувајќи дека тој не може да „седи на две столчиња“. Оваа изјава доаѓа во критичен период за ВЛЕН, кога коалицијата се обидува да се трансформира во единствен политички субјект.

Внатрешната кохезија е дополнително загрозена од маргинализацијата на одредени фигури, како што е вицепремиерот Арбен Фетаи, кој не присуствуваше на ниту една од ифтарските вечери организирани од Христијан МицкоскиЕди Рама или Албин Курти.

Поради сето ова процесот на обединување, наместо да донесе стабилност, ги извади на површина ривалствата меѓу различните крила во коалицијата, каде што Латиф АрифиАзир Алиу и Мимоза Муса преземаат поголема контрола врз кадровските политики.

Од своја страна, Фатмир Лимани ги отфрли обвинувањата за политичко престројување, тврдејќи дека распоредот на седење во Палатата на Конгресите бил одреден од домаќинот Еди Рама.

Сепак, неговата реторика открива подлабок јаз со раководството на ВЛЕН. Тој јавно проговори за „војна со локални игри“ и обиди за негово заменување со анонимни фигури. Лимани се позиционира како жртва на внатрешни интриги, нагласувајќи дека неговото присуство во Тирана било во својство на министер, а не како партиски делегат. Овој конфликт сугерира дека Лимани веќе не ужива доверба кај своите партнери, што го прави неговото останување во Владата на ВМРО-ДПМНЕ неизвесно.

Од друга страна, настанот ја уште еднаш ја отвори темата улогата на регионалните лидери во внатрешната политика на Северна Македонија.

Додека ВЛЕН традиционално се потпира на поддршката од косовскиот премиер Албин КуртиДУИ одржува блиски врски со Еди Рама.

Присуството на Арбен Таравари и Бујар Османи на истиот настан дополнително ја комплицира сликата, сугерирајќи дека Тирана се обидува да игра улога на медијатор или платформа за редефинирање на албанскиот политички фактор.

Истовремено, премиерот Христијан Мицкоски организираше паралелен ифтар во Скопје, на кој присуствуваше мнозинството од владиниот кабинет, што укажува на обид за зачувување на институционалното единство наспроти регионалните влијанија.

Крајниот исход од оваа „ифтарска дипломатија“ веројатно ќе се види при најавената реконструкција на Владата

Зачлени се на нашиот е-билтен