На два-три дена до пролетта, наместо сезоната на будење на природата, Градкиот парк во Скопје секој ден се буди со купишта расфрлено ѓубре.
Негрижата ја надоплнуваат купишта расфрани лисја и трупци од исечените дрвја кои не се собираат и чистат на време и со денови стојат и ја уништуваат сликата за паркот и она што се очекува од уредена зелена површина за која некој се грижи.
Но, очиогледо е дека не се се чисти на време. Оправување не може да биде ништо, па дури ни однесувањето на граѓаните. Службите треба да си ја вршат работата, наместо градоначалникот да си организира ПР прошетки и да ветува.



Овие фотографии се доминантни во паркот секое утро и тоа се гледа на разочараните лица на граѓаните кои паркот ова утро го користат за рекреација.