ИДФ: Командант на специјалните сили на Хезболах убиен во јужен Либан

ИДФ
EPA/ATEF SAFADI

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека во израелски воздушен напад во саботата е убиен висок командант на елитните сили Радван на либанското милитантно движење Хезболах.

Според ИДФ, во израелски воздушен напад врз градот Мајдал Селм во јужен Либан, убиен е Абу Халил Барџи, командантот на единицата на специјалните сили Радван, заедно со уште двајца оперативци, објавува „Тајмс оф Израел“.

ИДФ вели дека во текот на ноќта била погодена и друга проиранска инфраструктура на Хезболах во јужен Либан, објавува „Танјуг“.

Зачлени се на нашиот е-билтен