Експлозија на гас вово Истанбул урна две згради

Истанбул

Експлозија на природен гас во централниот кварт Фатих во Истанбул урна две згради во неделата.

Екипите за пребарување и спасување беа веднаш испратени на местото на експлозијата напладне и утврдија дека девет лица се затрупани под урнатините.

Гувернерот на Истанбул, Давут Ѓул, изјави дека извлекле седум лица, кои се на лекување во блиските болници. Државниот новински канал ТРТ објави дека е извлечен и осмиот човек кој е испратен во болница. Спасувачките операции сè уште работат на пронаоѓање на последното лице.

ТРТ објави дека ниту еден од преживеаните не е во критична состојба.

Едната од урнатите згради била на два ката, а другата еден.

Зачлени се на нашиот е-билтен