Трудници во Прилеп вежбаа таи чи

Прилеп

Древната кинеска техника таи чи, со лесни вежби за физичкото и менталното здравје, ја пробаа бремените жени што се дел од Школата за трудници во прилепската болница, на настанот наречен „Спокојни почетоци“. Поводот беше одбележувањето на Светскиот ден на таи чи, а во што беа вклучени ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ Прилеп, УНФПА, Амбасадата на Народна Република Кина во Скопје и Македонската асоцијација на гинеколози и опстетичари.

Целта на настанот беше унапредување на мајчиното здравје, со посебен акцент на промоција на техниката таи чи како безбедна и ефективна практика за време на бременоста. Идните мајки се запознаа со придобивките од древната техника, која комбинира нежни движења, правилно дишење и ментална релаксација. Придобивката е намалување на пренаталната анксиозност, подобрување на квалитетот на сонот и подобра подготовка за породување.

На настанот присуствуваше и кинеската амбасадорка Џијанг Сјаојан.

*
Текстот е преземен од Локал Актив Пелагонија, онлајн медиум на локалните заедници од пелагонискиот регион во РСМ, вклучително на ранливите групи граѓани и граѓанските организации што работат со нив.

Зачлени се на нашиот е-билтен