Поради тоа што имаме убедливо најниски цени во регионот на горивата имаме притисок од страна на соседните земји, односно граѓани од соседните земји коишто доаѓаат кај нас и точат гориво, според тоа, а и според информациите коишто располагаме зголемена е потрошувачката за отприлика 9%, визави од онаа којашто е вообичаена, односно околу сто и педесет илјади литри дневно дополнително точат граѓаните на нашите соседни држави.
Ова го потврди премиерот Мицкоски на прес конференцијата на која ги соопшти мерките за стабилизирање на цените на горивата заради растечката криза на Блискиот исток.
„Најголем е притисокот во пограничните општини како Дебар, Струга и Охрид на западната граница, Битола и Гевгелија на јужната граница и Куманово на северната граница. Очекуваме дека Комисијата за енергетика во текот на утрешниот ден да ја има во предвид оваа одлука на Владата и со тоа нема да ја зголеми цената на бензините, односно ќе се движи во рамките на пресметките за дизел горивата согласно метологијата којашто досега е вообичаена и усвоена од страна на РКЕ.
На тој начин, рече Мицкоски, цената на бензините би се движела во зависност од тоа дали ги користиме оние попусти од ОКТА или не, од 1,37 евра за литар до 1,4 евра за литар за 95, за 98 октанскиот од 1,4 до 1,44 евра за литар, а за дизелот од 1,52 евра до 1,55 евра за литар.
Според Мицкоски, тоа е убедливо најниска цена на горивата во регионот, а според овие цени и едни од најниските во Европа.
Тој рече дека во соседна Србија 95 октанскиот премиум и обичниот 95 октански се движат од 1,6 евра до 1,83 евра по литар, 100 октанскиот од 1,77 до 1,87, а дизелот 1,8 евра по литар што е отприлика за триесетина евроценти по литар поскап отколку кај нас.
Во Хрватска каде што ќе има согласување во вторник и се очекува во нагорна линија да одат цените, рече Мицкоски.
„Во моментов дизелот е, во зависност од бензинската станица од 1,55 до 2 евра по литар што е повторно за нешто повеќе од тоа што е кај нас, од тие што се 2 евра по литар отприлика за половина евро по литар поскап отколку кај нас“, рече Мицкоски.
Мицкоски рече дека во Грција и Албанија состојбата е слична.
Таму безоловниот 95 и дизелот се 1,9 евра што ќе каже некаде 40 евро центи по литар повеќе отколку кај нас, а во Косово е последната од пред 6 дена е над 1,6 евра по литар дизелот“, истакна премиерот.
Така што, како што рече тој, кога сето ова ќе се заокружи тогаш можеме да дојдеме до заклучок дека очекуваме да нема зголемување на цената на безоловниот бензин, односно 95 и 98, и многу минимално за дизел горивото со тоа што Владата директно од буџетот учествува врз подобрување врз подобрување на стандардот на граѓаните, односно со намалување на ставката на ДДВ од 18% на 10% се грижиме за стандардот на граѓаните.
Оваа мерка ќе трае во следните 2 недели, а ќе започне на полноќ од понеделник спрема вторник, односно тоа е од 23 спрема 24 март и во следните 2 недели ќе важи, а во зависност од тоа како ќе се одвиваат настаните, Владата ќе ги следи на дневна основа, така и ќе ја продолжува со мерките доколку се создаде потреба.
