ДУИ: Во Централниот регистар не се унапредуваат Албанци

Од 40 унапредувања во Централниот регистар, нема ниту едно за етничките Албанци, реагира партијата ДУИ.

„Демократската унија за интеграција го смета овој развој како сериозно прекршување на принципот на правична застапеност и алармантен сигнал за начинот на кој се третираат Албанците во државните институции.

Во јавна институција каде се реализирани 40 унапредувања, фактот дека ниту еден Албанец не е унапреден јасно покажува дека застапеноста повеќе не е стандард, туку исклучок.

ВЛЕН, како дел од владата, сноси директна одговорност за оваа состојба. Додека правата на Албанците треба да се штитат, тие избраа да молчат“ се наведува во соопштението.

ДУИ бара итно појаснување за критериумите и процедурите на овие унапредувања, како и преземање конкретни мерки за обезбедување правична и еднаква застапеност.

„Албанците не можат да бидат третирани како невидливи во институциите на оваа држава“ додаваат од партијата ДУИ.

Зачлени се на нашиот е-билтен