Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Нови обвинувања против Себастијан Курц за корупција

Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц се соочува со нова серија обвиненија за корупција, пренесува сајтот Еуроактив.

Новите обвинување се дел од актуелната истрага на австрискиот специјален обвинител поврзани со корупција и поткуп што веќе подолг период се водат против Курц.

Курц, кој во два наврати беше канцелар на Австрија, моментално е под истрага на Обвинителството за економски прашања и корупција за наводно поткупување на различни медиуми за да добие поволно известување во замена за промена на законот.

Сега обвинителството го истражува Фондот за австриски интеграции, поради незаконско користење на буџетот за маркетинг на јавната институција, со намера да ја унапреди политичката агенда на Курц, јави магазинот „Профил“.

Портпаролот на поранешниот австриски канцелар изјави дека станува збор за „измислени обвинувања кои немаат основа“.

Курц поднесе оставка од канцеларската функција откако во октомври 2021 година почна истрагата на обвинителството.

Обвинувањата датираат од 2016 година, кога тој се уште беше министер за надворешни работи. 

Според обвинителството, Министерството за финансии користело и даночни пари за да плати за анкетите што го прикажувале Курц во позитивно светло.

Ова е една од неколкуте истраги за корупција што ја погодија Австрија во последниве години, почнувајќи од аферата Ибица што доведе до пад на владата во 2019 година.

Како резултат на овие афери, Австрија продолжи да паѓа на индексот на корупција на Транспаренси интернешнал за 2022 година и се наоѓа под 20 место на листата на најмалку корумпирани земји, со најлош резултат од 2014 година, покажува бриселскиот портал Еуроактив

Зачлени се на нашиот е-билтен