Во Соединетите Американски Држави се одржаа протести против претседателот Доналд Трамп, каде што присуствуваат неколку милиони луѓе, од Њујорк до Алјаска, објавија локалните медиуми.
Ова е трет пат за помалку од една година коалиција од организации обединети околу слоганот „Без кралеви“ (No Kings) да ги повика жителите на Америка да излезат на улиците.
Таа коалиција се појави како најголемо протестно движење откако Трамп се врати во Белата куќа.
Планирани се повеќе од 3.000 собири, во големи градови како Њујорк, Чикаго, Минеаполис, Вашингтон, но и во предградијата, помалите градови и руралните области.
Од другата страна на Атлантикот, во Европа, планирани се собири против американскиот претседател во Рим, Амстердам и Мадрид.