„Не ги сакам Германците“ изјави жената која нападна со нож четири лица во Софија, го направила тоа во интерес на општеството

Софија

Градски суд на Софија ја остави во притвор 39-годишната жена која избоде четири лица во Софија.

Пред да влезе во судницата, напаѓачката изјави дека „не ги сака Германците“.

Жената е обвинета за обид за убиство, а обвинителството бара притвор.

Обвинетата побара од судот да земе предвид дека „таа е совесен граѓанин и дека ова кривично дело е извршено во интерес на општеството“.

На 26 март, 39-годишната жена нападнала две лица во областа на Националниот стадион „Васил Левски“ и сериозно ги повреди. Малку подоцна, та злоставуваше и нападна уште две жени во автобус на Градскиот превоз. Сите биле државјани на Германија.

Во првиот напад биле повредени двајца мажи, на возраст од 63 и 65 години. Беа ранети во горниот дел од телото.

Во вториот инцидент, двете млади жени биле на возарст од 26 и 30 годни и имале убодни рани на рацете. Нема опасност по нивните животи, соопшти болницата „Пирогов“.

Зачлени се на нашиот е-билтен