Вознемирувачки сцени се случија на фудбалски натпревар во Прилеп, коха младиот капитен на ФК Победа Кристи Крајоски колабираше на теренот за време на играта.
Инцидентот се случил во второто полувреме од натпреварот, кога 19-годишниот фудбалер ненадејно загубил свест и паднал на тревникот, што предизвика паника меѓу играчите и присутните. Веднаш реагирале медицинските екипи на двата тима, кои интервенирале на теренот сè додека играчот не бил стабилизиран.
По краток период во бессознание, тој дошол при себе, по што со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во прилепската болница за понатамошни прегледи и испитувања. Според првичните информации, неговата здравствена состојба е стабилизирана, но ќе следуваат дополнителни анализи за утврдување на причините за колапсот.

Натпреварот, кој се одигрувал во рамки на второлигашката конкуренција, бил прекинат, а настанот предизвика загриженост во спортската јавност, особено поради возраста на играчот и ненадејноста на инцидентот.
Ова не е прв ваков случај во фудбалот, што повторно ја отвора темата за здравствените прегледи и безбедноста на спортистите, особено кај младите категории.