Јавното обвинителство одговори на реакцијата на новинарските здруженија на денешното соопштение на Основното јавно обвинителство, во кое од новинарите се бара „внимателно и одговорно јавно коментирање и информирање“, а од професионалните организации се очекува „да го гарантираат почитувањето на етичките стандарди за известување и воздржаност при јавно коментирање“.
Во соопштението на ЈО се вели дека ја прифаќаат и ја поздравуваат реакцијата на ЗНМ и ССНМ.
Обвинителството во целост се залага за почитување на членот 10 од Европската конвенција за човекови права и членот 16 од Уставот, кои ја гарантираат слободата на изразување и на објективно информирање на јавноста, се вели во нивниот одговор.
ЈО истакнува дека обвинителството ги штити човековите права и слободи и со тоа создава услови за нивно непречено остварување.